| Шпед Инфо Систем | |
|
31/05/2001 21:47:09 TEKST NA PROPISOT : Врз основа на член 183 став 2 од Царинскиот закон („Службен весник на РМ“ бр. 21/98,29/98, 63/98, 86/99, 25/2000, 109/2000 и 31/2001), министерот за финансии, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ ЦАРИНА НА СТОКИТЕ ДОБИЕНИ КАКО СТРАНСКИ ДОНАЦИИ Член 1 Во правилникот за начинот и постапката за ослободување од плаќање царина на стоките добиени како странски донации („Случбен весник на РМ“ бр. 26/2001), во член 1 по зборот „подарок“ се додаваат зборовите: „и при увозот на стоки купени од паричните средства кои се добиени како подарок“. Член 2 Во член 2 по став 2 се додава нов став 3 кој гласи: „Кога се увезува стока која е купена од паричните средства добиени како подарок, покрај податоците и исправите од ставовите 1 и 2 на овој член, на царинскиот орган му се доставува и доказ од банка дека добиените парични средства како подарок се внесени, односно евидентирани на сметка на примачот на донацијата“. Член 3 Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“.   |
|