New Page 3
Поддршка
19/12/2002 18:38:30
Каспер 2003 и технолошка надградба
Почитувани корисници на услугите на Вегеса, Ве известуваме дека со завршувањето на верзијата КАСПЕР (КАСПЕР 2002 Финал), која веќе се дистрибуира, Вегеса започна со подготовка на НОВА верзија КАСПЕР 2003 Бета, чија копија за тестирање се очекува во текот на декември 2002, а дистрибуција на почеток на 2003 год. Во смисла на претходното, би сакале да Ве информираме дека во текот на Октомври и Ноември Вегеса ќе започне со технолошки упграде на Вашите компјутери, т.е. инсталација на неколку нови системски алатки и програми и сетирање на оперативната околина, кои нема воопшто да влијаат на Вашето тековно работење, а ќе ја припремат Вашата работна околина за новините кои ќе ги донесе КАСПЕР 2003 Бета, меѓу кои се и превземањето на новите верзии во програмот и репликација (освежување) на податоците преку Интернет. Затоа би Ве замолиле да во наредниот период, со претходен договор, ни овозможите несметан пристап до Вашите компјутери, а како најдобра варијанта, заради природата на работата истите да ги донесете во сервисниот центар на Вегеса, каде што најбрзо и најсигурно ќе се изврши инсталацијата и сетирањето и во најбрз можен рок ќе Ви бидат вратени назад. Важна напомена: Минимална конфигурацијаи други услови на која би се извршил технолошкиот упграде и сетирањето е: Пентиум 2 процесор РАМ Меморија 64 МБ Хард диск 10 ГБ ЦД Ром Модем (по локација) 33600 (56К) Интернет конекција (по локација) Оние корисници кои имаат потреба од хардверска надградба на своите компјутери, можат да се јават во Вегеса за бесплатна консултација околу истата.