New Page 3
Каспер
22/12/2003 13:30:24
Новини во нашите услуги и начин на користење на истите кои ќе стартуваат со примена од почетокот на 2004 година
Би сакале да ве известиме за неколку новини во однос на нашите услуги и начин на користење на истите, кои ќе стартуваат со примена од почетокот на 2004 година. Во овој допис само накратко ќе ја образложиме суштината на споменатите новини, а за дополнителни подетални објаснувања остануваме отворени за контакти преку телефон или лично. Најсуштинската новина е во однос на апликацијата за шпедитерско работење Каспер, која успешно функционира и се надградува повеќе години и за која имаме договор за континуирана поддршка и надградување, по кој се плаќа одреден месечен паушален износ. Верзијата на Каспер 2003 Final, со која ќе се затвори тековната 2003 година ќе биде последната верзија која ќе биде покриена со ваквиот начин на договарање. Со прифаќањето на долунаведените новини и уплаќањето на износот за одреден период на користење од страна на корисникот, како и со инсталирањето на Каспер 2004 Beta од страна на Вегеса, престануваат да важат сите предходни договори направени помеѓу корисникот и Вегеса за апликацијата за шпедитерско работење Каспер. За да корисникот прејде во новиот начин на претплата на услуги, ќе треба да ги измири и сите заостанати обврски спрема Вегеса за апликацијата по предходните договори, заклучно со месец декември 2003 година.