New Page 3
Каспер
26/08/2008 18:00:00
Допис за дневна Царинска Курсна листа
Во целост ви ја пренесуваме информацијата од Дирекција за ЦБО и ДР.

Почитувани,


Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за девизно работење (Службен весник на Република Македонија број 81/08) со членот 7 се менува членот 35 став 2 и тој гласи:

“При царинење на увозот, царинската вредност се утврдува согласно член 43 од Царинскиот закон”

Членот 43 од Царинскиот закон гласи:

“Ако во постапката на утврдување на царинската вредност е потребно да се изврши конверзија на странска во домашна валута, странската валута се пресметува во домашна валута според средниот курс утврден од Народна банка на Република Македонија. Начинот на примена на средниот курс во постапката за утврдување на царинската вредност го припишува министерот за финансии”.

Согласно наведените измени, Ве информираме дека почнувајки од 26.08.2008 година, нема повеќе да изготвуваме и да Ви доставуваме “Курсна листа за пресметување на царинска основица и поврати на царини и царински давачки” која се изготвуваше еднаш месечно, последниот работен ден од тековниот месец, а важеше следниот месец.

Почнувајки од 26.08.2008 година ќе почнеме да ви ја доставуваме “Курсна листа” на Народна банка на Република Македонија која се изготвува секој работен ден, со важност од 00,00 часот па натаму.


Дирекција за ЦБО и ДР