E-mail (28.05.2001):
Subject: <Избегнете казни. Бидете лиценцирани. Заштедете повеќе од 20%.>
Почитуван Петре Петревски,
Како Ваш хардверски и софтверски провајдер, би сакал да Ве информирам дека Алијансата за деловен софтвер (Business Software Alliance - BSA) започна со активности во фирмите и организациите од Македонија што користат нелиценциран софтвер.
Според Законот за авторски права на РМ како и другите меѓународни закони и прописи, секое нелегално умножување, дистрибуирање и користење на нелегален софтвер е подлежно на казни и тоа: (1) парична казна за работодавачот, (2) одговорното лице за компјутери во фирмата, и (3) самата фирма. Но најстрашно од се' е тоа што може да дојде до забрана на вршење на дејноста на самата фирма и институција. Да не зборуваме за изгубениот углед и изгубените идни зделки.
Во изминатиот период Македонската полиција заплени поголемо количество на ЦДРомови со софтвер, опремата за умножување и ја затвори фирмата каде беше извршена контролата. При тоа БСА достави кривична пријава до одговорните лица од фирмата. Минатиот месец, БСА Европа одржа еднодневно советување за судиите и обвинителите во Македонија. Притоа судиите се запознаа со постапките на изведување на судскиот процес во другите земји.
Ако софтверот не Ви е целосно лиценциран тогаш се изложувате на голем ризик. За среќа, овој период Microsoft и другите нудат големи поволности коишто важат до 30 Јуни 2001 година. Искористете го периодот да го проверите софтверот во Вашата организација. Ако откриете дека не сте лиценцирани целосно, обратете ми се и ќе Ви помогнам да ги набавите лиценците што Ви требаат. На овој начин, ако БСА контактира со Вас, Вие ќе можете да им кажете дека поседувате потребни лиценци и нема да можат да Ве казнат.
За да Ви ја олесниме работата, <ИМЕТО НА ПАРТНЕРОТ> во соработка со Microsoft може да Ви понуди заштеди од околу 20% за Microsoft Office Pro и приближно 70% за Windows 2000 Professional. Затоа јавете ми се на <ТЕЛЕФОН>, пратете ми е-маил на <E-MAIL АДРЕСА> или посетете го сајтот <URL> и дозволете ми да Ви помогнам да ги набавите лиценците што Ви требаат. Само така ќе бидете 100% сигурни дека ќе ги избегнете сите казни поврзани со нелиценцираниот софтвер.
Со почит,
<ИМЕ И ПРЕЗИМЕ>
<ЗАНИМАЊЕ>
ЗА BUSINESS SOFTWARE ALLIANCE
*******************************************
BSA е асоцијација составена од Adobe, Autodesk, Apple, Bentley Systems, CNC software, Corel, Macromedia, Microsoft, Network Associates and Symantec којашто работи да ја едуцира јавноста, влијае на јавните полиси и да ги штити правата на интелектуалната сопственост. Нејзина цел е да jа научат јавноста дека илегалното користење на софтверот е сериозен прекршок со сериозни казни. Повеќе информации можете да добиете на www.bsa.org.mk.