| Општо за ВЕГЕСА | |
|
12/12/2001 14:04:11 Пиратерија Испратено до сите партнери на Логин Системи Почитувани колеги, Можеби забележавте статија во Дневник за запленување на големи количини на пиратски ЦДа со музичка и софтверска содржина. Сепак во прилог на овој е-меил Ви ја препраќам статијата за да може да ја препратите на вашите колеги, партнери и клиенти. Како што Ви е познато, БСА веќе една година делува со анти-пиратски активности во Македонија. Обично, прва фаза во активностите е чистење на каналот - производители и дистрибутери на пиратски софтвер. Оваа фаза веќе завршува и се преминува во втора фаза каде што посебен интерес се покажува на фирмите - асемблери на компјутери. Третата фаза се корисниците. Четвртата, веројатно пак назад. Исто така БСА изврши тренинг и советување за обвинителите и судските извршители во Македонија. Ве молам да забележите дека активностите на БСА не зависат од Логин Системи, ниту од Microsoft. Наше е да го опслужуваме каналот со оригинален софтвер преку Вас. Дали е ова наговесток на црни денови на информатиката во Македонија? Мислам дефинитивно не. Сега е моментот каде што во Македонија ќе започне развојот на информатиката и информатичките услуги. При тоа голем број од фирмите ќе се насочат кон сегменти на пазарот кои претходно не можеле да се замислат. Се разбира, за оние кои работат надвор од законот, ова е дефинитивно почеток на црните денови исполнети со неизвесности и несигурна работа. Ве охрабрувам да направите ревизија на вашите деловни планови и да вклучите повеќе активности поврзани со оригиналниот софтвер (македонски или странски): продажба и услуги. Постои широко поле на дополнителни услуги поврзани со оригиналниот софтвер кои сега може да се наплатат од корисниците. Размислете добро и делувајте!   |
|