New Page 3
Каспер
27/07/2002 15:40:00
Нова верзија на Каспер - Каспер 2002 Финал

Почитувани корисници на услугите на Вегеса 1. Ве известуваме дека е излезена нова верзија на Каспер - KASPER 2002 Final во која се опфатени сите измени кои произлегоа од примената на новата давачка за Царинска Такса (ЦТ), новите измени во Царинската Евиденција за Србија и Црна Гора, Словенија и Хрватска; измените во Царинска Тарифа и соодветните измени во спогодбата за трговија (преференцијал) со земјите од Европска Унија (EU1 I EU2), Ефта (EF), Бугарија (BG), Турција (TR) Словенија (SI), Хрватска (HR) и Боосна и Херцеговина (BA) како и подобрувањето на функционалноста на самата апликација. Новините и измените во најновата верзија на КАСПЕР можете да ги погледате и на Вегеса Инфо Системот www.vegesa.com.mk/Proizvodi/Kasper. Инсталацијата на оваа верзија ќе почне од 28..07.2002 г. (понеделник) со предходна најава од наша страна, во период од денот во кој истата нема да го ремети Вашето тековно работење и заради побрза и поефикасна инсталација. ВАЖНА НАПОМЕНА : Измените во Каспер ќе се доградуваат и ќе работат САМО на верзијата КАСПЕР 2002 Beta, чија инсталација најверојатно е веќе направена на Вашите компјутери. Затоа, би Ве замолиле да проверите дали и до кога сте ги измириле обврските спрема Вегеса во однос на тековната месечна претплата на нови верзии и одржување, бидејќи за оние кои ги немаат платено обврските наназад 3 (три) месеца, и повеќе ќе сметаме дека ја немаат направено доградбата до КАСПЕР 2002 Beta. Доколку немате точен увид на побарувањата од наша страна, можете да се јавите во Вегеса за подетални информации. 2. Да ве потсетиме дека треба да ја користите услугата на Вегеса WEB надградба, Тоа значи дека корисниците на Вегеса Инфо Систем – от ќе можат да ја превземат новата Царинска Тарифа во облик спремен за имплементирање во Каспер 2002 Final. Во врска со ова би Ви напоменале да ја прочитате информацијата за дефинирање на пристап и тестирање на www.vegesa.com.mk. 3. На крајот да ве информираме за секој тарифен број да внимавате за неговиот режим, бидејќи во Царинската тарифа не се ажурирани измените од службен весник бр.49 од 08/07/2002 год.