| Конфигурација на Regional Settings во оперативен систем Windows 98 Second Edition | |
|
Доколку имате отворено некои програми сите ги затварате со цел да дојдете до Desktop- от, односно првиот екран што се јавува кога ќе го вклучите вашиот компјутер. Со еден клик на левото копче од mouse-от избирате “Start”. На добиеното паѓачко мени со еден клик на левото копче на mouse-от избирате “Settings”.
Сл. 1 Како што е прикажано на сл.1, на новодобиеното паѓачко мени со еден клик на левото копче на mouse-от избирате “Control Panel” со што ќе ви се отвори нов прозорец како на сл. 2. | |
|
Сл. 2 Со двоен лев клик на левото копче на mouse-от избирате“Regional Settings” со што ќе добиете прозорец како на сл. 3. |
|
|
Сл.3 5. Како што е прикажано на сл. 3 на хоризонталната лента е избран првиот таб “Regional Settings”. Во полето што сликовито е заокружено со црвена боја, треба да биде избрано “ Macedonian(FYROM)”. |
|
![]() Сл. 4 6. На хоризонталната лента од алатки го избирате вториот таб “Number”, со што прозорецот ќе изгледа како на сл. 4. Во полето “Decimal symbol” треба да биде избран знакот “.”-точка. А во полето “Digit grouping symbol”треба да биде избран знакот “,”-запирка. |
|
![]() Сл. 5 7. На хоризонталната лента од алатки го избирате третиот таб “Currency”, со што прозорецот ќе изгледа како на сл. 5. Во полето “Decimal symbol” треба да биде избран знакот “.”-точка. А во полето “Digit grouping symbol”треба да биде избран знакот “,”-запирка. |
|
|
Сл. 6 8. На хоризонталната лента од алатки го избирате четвртиот таб “Time”, со што прозорецот ќе изгледа како на сл. 6. Во полето “Time style” избрете го форматот од облик “HH:mm:ss”. |
|
Сл. 7 9. На хоризонталната лента од алатки го избирате петиот таб “Date”, со што прозорецот ќе изгледа како на сл. 7. Во полето “Short date style” изберете го форматот од облик “dd/MM/yyyy”. 10. На прозорецот прикажан на сл. 7 со еден клик на левото копче на mouse-от се избира полето “Apply”. Потоа со еден клик на левото копче на mouse-от се избира полето “ОК”. На крајот со еден клик на левото копче на mouse-от се избира полето “x” во горниот десен ќош. Со ова е зарвшена конфигурацијата на “Regional Setings”. |
|