Упатство за текот на
инсталација и конфигурација на верзија Каспер 2003 Финал
Во ова упатство е накратко опишан текот на инсталација на
верзијата Каспер 2003 Финал.
1. Откако ќе се конектирате на интернет, отварате прозорец на
"Internet Explorer" во кој ќе ја внесете страната
www.vegesa.com.mk .
Откако ќе се отвори страната на Вегеса на левото мени избирате
"Производи", а потоа
од добиеното подмени избирате "Каспер".
На добиеното десно мени избирате "Web Upgrade".
По ова ќе добиете страна каде што треба да ги внесете вашето корисничко име и
лозинка и со избирање на полето "Влез"
ќе дојдете до страната за превземање на новата верзија Каспер 2003 Финал.
2. Потребно е да се превземат првиот и вториот дел од
инсталацијата на верзија Каспер 2003 Финал.
Пожелно е претходно да се отпечатат и добро проучат сите дадени упатства.
3. Редоследно треба да се спроведе процедурата од следниве упатства:
1. Упатство за инсталација.
Овде се рестартира компјутерот после што не се најавувате на Каспер.
2. Промена на Default Input Language.
3. Упатство за конфигурирање на Regional Setings.
4. Упатство за местење на принтер.
По ова се најавувате на Каспер. Заради конверзија на вашите податоци во македонски коден распоред е потребно одредено време кое зависи од брзината на вашиот компјутер и количината на вашите податоци.
Со ова е завршена инсталацијата на Каспер 2003 Финал. Сите новини што се
имплементирани во верзијата Каспер 2003 Финал меѓу кој и подесување на штампа
може да ги видите во упатството : "Упатство за нови
можности и промени на Каспер"