Пожелно е најпрвин оваа страна да ја отпечатите, со избор на опцијата “File” и “Print” на главното мени.

1. Прочитајте го внимателно следново упатство за превземање на надградба на новиот Каспер и негово инсталирање.
     Важно надградбата на Каспер се состои од Две превземања. Програмата нема да работи коректно ако не се превземат двете надградби.
Првата надградба ја содржи конвертираната тарифата во македонска поддршка со сите шифрарници што се содржат во Каспер.
Втората надградба е програма која ќе направи повеќе измени во вашата програма за да ја добиете новата верзија на Каспер.

Важно Програмата Каспер мора да биде затворена!!!

ВАЖНА НАПОМЕНА: 
Додека се врши трансферот на датотеката,  на екранот
(слика1) се прикажува процентот на пренесени бајти.
П
отребно е опцијата 
Close this dialog box when download complete да биде дештиклирана (празна).
Доколку не е празна, дештиклирајте ја!!

слика1

Откако ќе заврши трансферот на датотеката, на истиот екран (слика1) го притискате копчето "OPEN", при што се отвара друг прозор (слика2) на кој треба да се притисне копчето "EXtract". Откако ќе се изврши следната операција, на следниот прозорец (слика3) се притиска "YES" и откако тој ќе се затвори на отворениот прозорец (слика2) се притиска "CLOSE".









слика 2



слика 3
Екранот од слика 3 може да се појави неколку пати. Секогаш треба да го притиснете копчето "Yes"

Со ова, постапката на превземање и инсталирање на промената на царинската тарифа во Каспер е завршена, што значи дека веднаш можете да тарифирате со новите тарифни ознаки.


Потоа продолжувате на превземање на втората надградба. Инсталацијата е мошне слична.
ВАЖНА НАПОМЕНА: 
Додека се врши трансферот на датотеката,  на екранот
(слика1) се прикажува процентот на пренесени бајти.
П
отребно е опцијата 
Close this dialog box when download complete да биде дештиклирана (празна).
Доколку не е празна, дештиклирајте ја!!
Откако ќе заврши трансферот на датотеката, на истиот екран (слика1) го притискате копчето "OPEN", при што се отвара друг прозор (слика2) на кој треба да се притисне копчето "EXtract". Откако ќе се изврши следната операција, на следниот прозорец (слика 4) се притиска "YES".
слика 4
По ова започнува инсталацијата на Каспер. Ќе побара најава и ќе почне надградбата. Во На крај ќе јави порака со која се потврдува дека надградбата е успешно завршена.
По ова почнува вториот дел од инсталацијата на Каспер 2003. Доколку користите
Windows 98 тогаш на вашиот компјутер ќе се инсталира македонска поддршка.
Ќе се појави копче продолжи кое ќе го притиснете. (слика 5)
слика 5
По ова ќе се појави порака за да го рестартирате компјутерот. Ќе притиснете No.
(слика 6)
слика 6
Потоа ќе се појави второ копче продолжи. (слика 7)
слика 7
По ова повторно ќе се појави системска порака да го рестартирате компјутерот и сега ќе притиснете Yes. (слика 8)
слика 8
Важно: При првата најава во Каспер ќе се појави порака на која ве известува дека ќе се конвертираат старите податоци. Оваа постапка се извршува само еднаш и не бара никаква асистенција од ваша страна. Нејзиното времетраење зависи од брзината на вашиот компјутер и количината на вашите податоци. Може да трае од 3 до 45 минути.
Затоа внимателно изберете го времето кога ќе ја правите надградбата.
Со ова инсталацијата на Каспер е завршена.