Пожелно е најпрвин оваа страна да ја отпечатите, со избор на опцијата “File” и “Print” на главното мени.

 

 

Прочитајте го внимателно следново упатство за превземање на надградбите на новиот Каспер и негово инсталирање.

 

Надградбата се состои од Двa дела што се превземаат од сајтот www.vegesa.com.mk во делот за подршка на програмот КАСПЕР  http://www.vegesa.com.mk/Kasper/Upgrade/Login.asp  Програмата нема да работи коректно ако не се превземат двете надградби:

 

1. Првата надградба ја содржи конвертираната тарифата во македонска поддршка со сите шифрарници што се содржат во Каспер.
2. Втората надградба е инсталациона програма која ќе направи повеќе измени во програмот Каспер  за да ја добиете новата верзија на Каспер.

 

ВАЖНО  :   Кога ќе се започне со инсталација на надградбата програмот Каспер мора да биде затворен на сите компјутери!!!

 

1. Прва надградба

Откако ќе се најавите во делот за подршка на програмот КАСПЕР протискате на линкот "Превземи" на првиот дел од инсалацијата на тековната верзија со што ќе се појави прозорец како на сл.1 (Конкретно е тековна верзија Каспер 2004 RELEASE 1 каде првиот дел од инсталацијата е фајл со име "KASPER2004_R1_001"). На добиениот прозорец како што е прикажано на сл.1 избирате "Save" со што ќе се добие прозорец како на сл. 2 каде што избирате во која локација да се зачува спуштениот фајл.

  сл.1

сл. 2

ВАЖНА НАПОМЕНА: 

Како што е прикажано на сл. 2 избирате "Save" со што ќе започне да се спушта фајлот. Статусот може да се следи како што е прикажано на сл. 3 . Додека се врши трансферот на датотеката,  на екранот (сл. 3) се прикажува процентот на пренесени бајти.Потребно е опцијата Close this dialog box when download complete да биде дештиклирана (празна).
Доколку не е празна, дештиклирајте ја!!

 

 

 

сл. 3

 

Откако ќе заврши трансферот на датотеката, на истиот екран (сл. 3) го притискате копчето "OPEN", при што се отвара друг прозор (сл. 4) на кој треба да се притисне копчето "EXtract". Откако ќе се изврши следната операција, на следниот прозорец (сл. 5) се притиска "YES" и откако тој ќе се затвори на отворениот прозорец (сл. 3) се притиска "CLOSE" кое ќе се појави на местото на "Cancel".

 









сл. 4



сл. 5


Екранот од сл. 5 може да се појави неколку пати. Секогаш треба да го притиснете копчето "Yes"

 

Со ова, постапката на превземање и инсталирање на промената на царинската тарифа во Каспер е завршена, што значи дека веднаш можете да тарифирате со новите тарифни ознаки.


 
2. Втора надградба

Потоа продолжувате на превземање на втората надградба. Инсталацијата е слична како и првата надградба.

 

 

Потоа се враќате  во делот за подршка на програмот КАСПЕР протискате на линкот "Превземи" на вториот дел од инсалацијата на тековната верзија со што ќе се појави прозорец како на сл.1 (Конкретно е тековна верзија Каспер 2004 R1 каде вториот дел од инсталацијата е фајл со име "KASPER2004_R1_002"). На добиениот прозорец како што е прикажано на сл.1 избирате "Save" со што ќе се добие прозорец како на сл. 2 каде што избирате во која локација да се зачува спуштениот фајл.

Како што е прикажано на сл. 2 избирате "Save" со што ќе започне да се спушта фајлот. Статусот може да се следи како што е прикажано на сл. 3 . Додека се врши трансферот на датотеката,  на екранот (сл. 3) се прикажува процентот на пренесени бајти. Потребно е опцијата Close this dialog box when download complete да биде дештиклирана (празна).  Доколку не е празна, дештиклирајте ја!!

Откако ќе заврши трансферот на датотеката, на истиот екран (сл. 3) го притискате копчето "OPEN", при што се отвара друг прозор (сл. 4) на кој треба да се притисне копчето "EXtract". Откако ќе се изврши следната операција, на следниот прозорец (сл. 5) се притиска "YES" Екранот од сл. 5 може да се појави неколку пати. Секогаш треба да го притиснете копчето "Yes". На крајот ќе се добие прозорец како на сл. 6.

 
сл. 6  

Како што е покажано на сл. 6 се избира полето "Yes" со што ќе се отвори форма како на сл. 7 .

сл. 7

 

По ова започнува инсталацијата на новата верзија на Каспер. Во полето "Корисничко Име" и "Лозинка" се внесуваат идентичните најави како во Каспер. Доколку е коректна најавата ќе се појави порака како на сл. 8

  сл. 8

 

На добиениот прозорец од сл.8 ќе се добие информација за надградба од старата на новата верзија на Каспер. Со избор на полето "Yes" ќе започне надградбата на Каспер. Потоа ќе се појави прозорец во кој ве информира дека ќе се инсталира македонска подршка. На овој прозорец избирате "OK" . Потоа се добива прозорец како на сл. 9 .

сл. 9

 

Како што е прикажано на сл. 9 избирате "No" за да не се инсталира македонска подршка. Потоа се отвора прозорец како на сл. 10 .

сл. 10

 

Со ова инсталацијата на Каспер е завршена. Откако ќе го изберете полето "OK" автоматски ќе се одјави програмот Каспер. На вашиот "Desktop" ќе се појави икона од новата верзија на Каспер. Со тоа можете да работите на новата верзија на Каспер.