Во
новата инсталација на Каспер се користи македонската тастатура, која има носи
неколку предности меѓу кои:
1. Во едно поле може
да пишувате и на кирилица и латиница.
2. Веќе не мора да ги користите фонтовите кои требаше
дополнително да се вградуваат. Се користат стандардните Windows
фонтови како на пример Arial за кирилица
или латиница.
Преминот од латинична во македонска тастатура е едноставен. Се користи следниот
редослед на копчиња: се држи лев Alt и се притиска лев
Shift. Оваа комбинација на копчиња е најчеста (default),
но може да се промени по желба.
Важно: Има неколку промени во местоположбата на
одредени букви.
Распоредот на тастатурата е даден на следната слика. Обратете внимание на
буквите ж,ѓ,ч,ќ, кои ја имаат променето својатa
местоположба во однос на претходно навикнатиот распоред.
