Избор на формат на хартија "German SF" на принтер

Заради новиот начин на печатење на обрасците можни се одредени проблеми со печатењето на истите. Затоа треаба да се направи следново:

1.  Големината на листот на печатарот наместете ја на GermanSF ( German Standard Fanfold ). Оваа опција се мести на следниот начин: Со еден клик на левото копче на mouse-от последователно избирате "Start" па на "Settings" па на "Printers". Потоа за секој принтер притискате еден клик на десното копче на mouse-от, а потоа на добиеното паѓачко мени со левото копче на mouse-от избирате "Properties". Потоа на добиениот прозорец со левото копче на mouse-от избирате "Paper". Од понудените формати изберете го "German SF" големината на листот. Види слика 1

 

Слика 1


2. Доколку постои полето  "Unprintable area" проверете ги поставените маргини. Сите вредности треба да бидат поставени на "0" .