Напомена:
Упатствата што следат важат за кoристење на Македонска
поддршка во Каспер. Упатството за користење на самата македонска поддршка може
да ги прочитате на
www.vegesa.com.mk
КОРИСТЕЊЕ НА ТИПКАТА F3
ЗА КОНВЕРЗИЈА НА ПОЛИЊА
|
|
| Типката F3 се користи доколку сакате сите полиња што се пополнуваат на активниот екран да ги конвертирате во спротивен коден распоред (македонски во latinica и обратно). Со притискање на оваа типка сите полиња се конвертираат во ист коден распоред (пр. Македонска кирилица), а со следното притискање на истата типка тие се конвертираат во спротивниот коден распоред (Latinica). |
КОРИСТЕЊЕ НА ТИПКАТА F4 ЗА КОНВЕРЗИЈА НА ДЕЛ ИЛИ ЦЕЛО ПОЛЕ
|
|
| Типката F4 се користи доколку сакате дел или цело активно поле да го конвертирате во спротивен коден распоред (македонски во latinica и обратно). Доколку имате селектирано дел од текстот од полето, тогаш се конвертира само тој дел, а доколку нема селектиран текс тогаш се конвертира целото поле. Со следното притискање на истата типка полето се конвертираат во спротивниот коден распоред. |
МЕСТЕЊЕ НА МАРГИНИ И ДРУГИ ЕЛЕМЕНТИ НА ОБРАСЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И НИВНИ ПОЛИЊА
|
|
| Со избирање на опцијата “Конфигурација” и “Маргини” се доаѓа до екран на кој можете да ги местите маргините и други опции за печатење на секој образец што се печати во Каспер. На левата страна е листата на обрасците и со избор на образецот, на десната страна можете да ги менувате неговата лева и горна маргина, опцијата дали да се печатат само вредностите и форматот на хартијата. Со притискање на копчето “Полиња” се влегува на друг екран каде што можете да ги менувате опциите за печатење на полињата на образецот. |
|
|
| На овој екран се селектира полето кое сакате да го менувате, при што можете да му ја смените неговата местоположба на образецот (со стрелки или со пишување на вредности), ширината и висината на полето, големината и здебеленоста на буквите и поставеноста на карактерите во однос на полето (лево, централно или десно). Откако ќе ги направите потребните измени, истите се запишуваат со копчето “Запис” на десната горна страна на прозорот. |
МЕСТЕЊЕ НА МАРГИНИ НА ПОЛИЊА НА ПОД-ОБРАСЦИ
|
|
| Некои од полињата на обрасците всушност содржат под-обрасци со свои полиња. За да се менуваат тие полиња, треба да се дво-кликне со глувчето на истите при што се влегува на екран на кој можете тоа да го направите, на ист принцип како и со претходната постапка. |
АЖУРИРАЊЕ НА ДАНОЧНАТА СТАПКА
|
|
| Со избор на “Шифрарници” и “ДДВ Тарифа” се доаѓа до екран каде што можете сами да ги менувате даночни стапки (општа и повластена). Процентите на стапките што тука ќе ги запишете ќе се внесуваат автоматски во полето за даночна стапка. НАПОМЕНА: Веќе внесените вредности на стапки во старите предмети остануваат такви какви што се внесени. За да се изменат потребно е преажурирање на истите. |
КОНТРОЛА НА ПОВЕЌЕ ЕДИНИЦИ МЕРКИ
|
|
| Со измените на Царинската Тарифа се отвори и можноста за некои тарифни броеви да се избира која единица мерка ќе се применува. Овие тарифни броеви, при тарифирање на ставките, Каспер ги открива и ги прикажува со порака. Зависно од тоа која единица мерка е веќе внесена во соодветното поле, Каспер реагира на следните начини: Доколку внесената Единица мерка ја нема во единиците мерки кои можат да се применат, ја заменува со првата од листата и се враќа на полето за количина, со опомена да се провери количината; доколку внесената Единица мерка е било која од оние кои можат да се применат, ја задржува истата. |
РЕШАВАЊЕ НА БРУТО И НЕТО ТЕЖИНА
|
|
|
Решавањето на бруто и нето тежината по декларација сега е поставено на еден екран, со сите опции што ги содржеа и предхоните екрани. |
|
|
| Доколку е одбрана некоја од шифрите за акциза на алкохолни пијалоци или пиво, Каспер автоматски го бара и степенот на алкохол, што се внесува во полето за контингент. Бидејќи за пивото акцизата може да се пресметува на два начина, по степен на алкохол или по степен на екстракт, Каспер нуди опција да ја изберете пресметката и истата ја извршува и запишува во соодветното поле. |
ВКУПНА ПРЕСМЕТКА ЗА ПРЕДМЕТ
|
|
| Постоечката пресметка на вкупните давачки по активниот предмет е проширена со новата давачка CT (19 EUR по декларација). НАПОМЕНА: Давачките се прикажуваат само доколку се формирани наименованијата. |
|
НОВ
ОБРАЗЕЦ – БАРАЊЕ ЗА ТРАНЗИТ
|
| Во слободните царински обрасци има додаден нов образец. Работата со него е иста како и со останатите слободни обрасци на коишто сте навикнати. |
| ЕУР
Латиница
|
| Овој документ сега сам се форматира на латиница. Нема потреба од конверзија (F3 или F4) или прекуцување. При конверзијата што ја врши одредени букви ги конвертира специфично на пр.: њ со nj, љ со lj и сл. |
НОВ ОБРАЗЕЦ – ЗАПИСНИК ЗА НАОД (ЗА КОЛИ)
|
|
|
|
| Со притискање на копчето “Записник за наод” се доаѓа до екран каде што се прикажани двете страни на истиот образец (за коли) со пополнети полиња. Може да се печати секоја страна поединечно. |
ИЗМЕНИ ВО АЖУРИРАЊЕ НА ЕЛЕМЕНТАРНА И ДОПОЛНИТЕЛНА ЕЛЕМЕНТАРНА
ДЕКЛАРАЦИЈА
|
|
|
|
|
Покрај можноста да се печати само ДЕД-от што е активен на екранот, сега може да се печатат и сите ДЕД-ови во серија. Со притискање на соодветното копче, Каспер почнува со печатење на првиот ДЕД и со прашање дали да се печати или не, се печатат сите ДЕД-ови до последниот. Со избор на опцијата Cancel, печатењето се прекинува. До копчето за печатење во серија се наоѓа копчето за избор на печатар на кој сакате да се изврши истото. |