До:                   Корисници на производи и услуги на ВЕГЕСА

Предмет:         Информација за активности 2001 / 2002

 

Содржина:

 

1.                  Активности 2001

2.                  Наплата

3.                  Попуст за претплата 2002

4.                  Антипиратски кампањи / Легализација на софтвер

5.                  Нови услуги

6.                  Нов концепт за поддршка

7.                  Јавна расправа



1.         Активности 2001

 


-           КАСПЕР 2000б / 2000а

-           ЦД информатор 1/2001 – КАСПЕР 2000 курсеви

-           ЦД информатор 2/2001 – Царинска тарифа – февруари 2001

-           ЦД WEB Тарифирање – вклучени преф. Договори со EU и UA

-           ИНТЕРНЕТ редизајн на www.vegesa.com.mk



2.         Наплата

Заради акумулираните трошоци на работењето, Ги замолуваме сите корисници кои доцнат со финансиските обврски кон ВЕГЕСА, најитно да не информираат за нивниот статус. Се надеваме дека како и досега дека со заедничко разбирање ќе ги надминеме овогодинешните тешкотии во работењето.



3.         Попуст за претплата 2002

 

ВЕГЕСА ја продолжува праксата на давање на одредени бенефиции на своите корисници.

Така и оваа година Ви нудиме да доколку  долунаведените услуги ги платите оддеднаш најдоцна до 15.01.2002 можност да користите 2 месеци гратис т.е. наместо за 12 месеца ќе платите за 10.

Оваа бенефиција Ви ја нудиме за следните услуги:

 

-                     КАСПЕР – претплата на сите нови верзии за 2002 год.

-                     Шпедитерски инфо-систем – претплата за цела 2002 год.


 

 

 

4.         Антипиратски кампањи / Легализација на софтвер

 

 

Можеби забележавте статија во Дневник за запленување на големи количини на пиратски ЦДа со музичка и софтверска содржина.

БСА (меѓународно здружение на производители на софтвер) веќе една година делува со анти-пиратски активности во Македонија.

Обично, прва фаза во активностите е чистење на каналот - производители и дистрибутери на пиратски софтвер. Оваа фаза веќе завршува и се преминува во втора фаза каде што посебен интерес се покажува на фирмите - асемблери на компјутери. Третата фаза се корисниците. Четвртата, веројатно пак назад. Исто така БСА изврши тренинг и советување за обвинителите и судските извршители во Македонија.

Ве молам да забележите дека активностите на БСА не зависат од ВЕГЕСА, Логин Системи, ниту од Microsoft. Наше е само да ве опслужуваме со оригинален софтвер на Ваше барање.

Ве охрабруваме да направите ревизија на вашите деловни планови и да вклучите повеќе активности поврзани со оригиналниот софтвер (македонски или странски).

ВЕГЕСА во текот на 2002 година ќе Ви даде екслузивна понуда за легализирање на софтверот што го употребувате секојдневно.

 


5.         Нови производи и услуги

 

 

-           КАСПЕР 2002

-           WEB надградби (КАСПЕР)

-           WEB бекап (КАСПЕР)

-           WEB изнајмување апликации (КАСПЕР)

-           WEB царински калкулации (од изработени предмети во КАСПЕР)

-           WEB надворешно трговски прегледи (од изработени предмети во КАСПЕР)

-           ВЕГЕСА информатор ЦД-а со царинска проблематика

-           Продажба на Microsoft легален софтвер

-           WEB дизајн

-           WEB хостирање

-           WEB рекламирање

-           ШПЕД – кафе


 

 

6.                  Нов концепт на продажба и поддршка на КАСПЕР 2002



Продажба

Во текот на 2002 год. Ќе се воведе нов концепт на  продажба т.е. од концепт на купопродажба на производ ќе се премине во концепт на купопродажба на лиценца.

 

Изнајмување

 

Ќе се понуди и нов концепт на изнајмување на КАСПЕР за одреден период по prepaid систем и тоа на два начина:

 

-                     кај Вас локално на Вашата опрема

-                     со поврзување на нашите сервери

 

Во овој случај софтверот / услугата мора да активира, а доколку не се обнови претплатата по истекот на периодот, истиот ќе престане да функционира.


Обезбедување со континуирани надградби (нови верзии)

Овој систем обезбедува актуелност на софтверот / услугата.

 

 




7.         Јавна расправа

По однос на сите новини што имаме намера да ги воведеме до крај на 2002 година, ВЕГЕСА ќе организира состаноци, а истото ќе може и да се следи на www.vegesa.com.mk.

 

 

 

 

Ве очекуваме !