Влада на РМ  
  Бул. Илинден бб  
  91000 Скопје  
     
  Н/р г-дин Љубчо Георгиевски, премиер  

копие:

Бр. стр.: 2

Скопје, 04.12.98

 

Почитуван г-дин Георгиевски,

Би сакал да Ви честитам на Вашиот избор за премиер на Владата на РМ и да Ви посакам многу успех.

Повод за моето обраќање до Вас е да Ве информираме за нашите активности кои се однесуваат на владините комисии за јавни набавки во врска со набавката на компјутерските програми (софтверот) во органите на управата. Во декември минатата година, нашата фирма беше иницијатор за регулирање на набавката на софтверот во владините институции. Нашиот предлог којшто беше доставен до тогашниот премиер г-дин Црвенковски, беше поддржан и потпишан од страна на 10-тина релевантни компјутерски фирми од Македонија коишто воедно се застапници на светските софтверски компании.

Како резултат на овој предлог и дополнителните активности, сите комисии за јавни набавки добија работен материјал за постапката во набавката на софтверот, листа на легалните и авторизирани продавачи на софтверот на Microsoft во Македонија, како и други информации. Би сакал да истакнам дека во 1998 година појавата на нелегална продажба на Microsoft е сведена на пониско ниво. Сепак сеуште постојат институции коишто набавуваат компјутери без оригинален софтвер од Microsoft, а на истите дополнително се инсталира и користи неовластено софтверот на Microsoft во вредност од преку 1000 американски долари на еден компјутер.

Од друга страна и покрај малиот и не толку атрактивен пазар, фирмата Microsoft со симпатии гледа на Република Македонија. Тоа можеме да го поткрепиме со следните факти: