2644.

Врз основа на член 24-а став 1 од Царинскиот за­кон ("Службен весник на Република Македонија" бр. 21/98, 26/98, 63/99 и 25/2000), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 29. 08. 2000 го­дина, донесе

 

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ЦАРИНСКИ КОНТИНГЕНТИ ПРИ УВОЗ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

1. Со оваа одлука се определува износот на царин­ските контингенти на одделни нафтени деривати кои можат да се увезат без плаќање на царина пропишана во Царинската тарифа и тоа:

- моторен бензин, безоловен, тарифен број 2710 00 00 11, во количина од 15.000 тони;

- мешавина на бутан и пропан, тарифна ознака 2711 13 00 10, во количина од 20.000 тони.

2. Нафтените деривати од точка 1, алинеја 1 и 2 ќе бидат внесени во царпнското подрачје на Република Макецонија заклучно со 31. 12. 2000 година.

3. Министерот за економија со решение го одобру­ва царинскиот контингент по барање на крајниот ко­рисник.

4. Оваа одлука влегува во сила со денот на објаву­вањето во “Службен весник на Република Македони­ја”.


Бр. 23-4104/1

 29 август 2000 година

Скопје

Претседател на Владата 

на Република Македонија

Јbубчо Георгиевски, с.р.