2645.
Согласно член 12 од Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Словенија ("Службен весник на Република Македонија" бр. 48/96) и член 36 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр. 59l2000), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 29. 08. 2000 година, донесе
ЗА И3MEHYBAЊE НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ КВОТИ ЗА II-ТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2000 ГОДИНА СОГЛАСНО ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И
РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА
Член 1
Во Одлуката за определување на царински квоти за II-тo полугоцие од 2000 година согласно Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Словенија ("Службен весник на Република Македонија" бр. 60/2000), во членот 3 ставовите 1 и 2 се менуваат и гласат:
"Количествата на стоки во рамките на пооделна квота од Прилогот l ги распределува Министерството за економија на предлог на Комисијата составена од по еден претставник на: Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за надворешни работи и Министерството за финансии.
Комисијата ја свикува и раководи со неа претседателот на Комисијата, кој од редовите на државните службеници на Министерството за економија, го овластува министерот за економија."
Член 2
Во членот 4, став 2, 4 и 5 и членот 5, став 1 и 2 зборовите: "Министерството за трговија" се заменуваат со зборовите: " Министерството за економија".
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".
Бр. 23-4101/1
29 август 2000 година,
Скопје