|
Прв уписен рок
Пријавувањето, полагањето и запишувањето на
кандидатите во првиот уписен рок на сите факултети, се врши во
определени термини.
Пријавувањето се врши на 25 и 26 јуни 2002 година. Приемниот испит се
полага на 1 јули и 4 јули 2002 година, освен на факултетите од
уметностите ,на кои приемниот испит ќе се изведува во периодот од 1 до 5
јули 2002 година. Решение за прием на кандидатите , ке биде објавено на
9 јули 2002 година. Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на
10
и 11 јули 2002 година.
Втор уписен рок
Пријавувањето, полагањето и запишувањето на кандидатите во вториот
уписен рок на сите факултети се врши со определени термини.
Пријавувањето се врши на 2 и 3 септември 2002 година. Приемниот испит се
полага на 11 и 13 септември 2002 година, освен на факултетите од
уметностите на кои приемниот испит ќе се изведува во периодот од 10 до
13 септември 2002 година. Решението за прием на кандидатите ќе биде
објавено на 17 септември 2002 година. Запишувањето на примените
кандидати ќе се врши на 19 и 20 септември 2002.
Трет уписен рок
На факултетите на кои се врши запишување во трет
уписен рок, пријавувањето е на 23 септември, а приемниот испит се
полага
на 24 и 25 септември 2002 година. Запишувањето на примените кандидати ке
се врши на 30 септември 2002 година.
|