| |
|
|
..:: Приемен испит
на ГФ-Скопје
::..
↑ |
1.
Приемниот испит се состои од 2 предмети. Факултетите можат да утврдат
повеќе алтернативни предмети, од кои кандидатите избираат 2.
Предметите од приемниот испит се полагаат според материјал од средното
образование, со конкретно наведена литература.
Приемниот испит се спроведува писмено и анонимно.
2.
При полагањето кандидатите треба да имаат документи за утврдување на
идентитетот(лична карта или пасош). Во спротивно не им се дозволува
полагање.
3.
Вреднувањето на успехот од приемниот испит се врши врз основа на
оценките добиени на испитите по двата предмета. Оценувањето на
одговорите на приемниот испит се врши со бодување во скала од 0 до 30
поени за секој предмет одделно. По оваа основа може да се добијат
најмногу 60 поени.
4.
Двата предмети од
приемниот испит имаат елиминаторен карактер. Не се рангираат кандидатите
што не добиле најмалку 10 поени за секој предмет.
5.
Вкупниот број поени врз основа на кои се врши рангирањето на кандидатите
се добива со собирање на поените од Глава II точка 8 и Глава II.1 точка
4
6.
Рангирањето на кандидатите го вршат конкурсните комисии на одделните
факултети.
7.
Основен услов за запишување на факултетите на Универзитетот се освоени
60 поени, добиени по сите основи.
8.
Конкурсната комисија, на огласната табла на факултетот, ги објавува
поените од средното образование (среден успех) и резултатите од
полагањето за секој предмет посебно, веднаш по завршената работа на
секоја испитна комисија. Кандидатот има право на приговор во конкурсната
комисија во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите од полагањето
за секој предмет посебно. Во спротивно, го губи правото на приговор во
понатамошната постапка во поглед на резултатите (поените ) од полагањето
на приемниот испит.
По завршеното полагање на приемниот испит по двата предмета, конкурсната
комисија објавува прелиминарна ранг-листа на кандидатите за запишување.
По објавувањето на оваа ранг - листа, кандидатот има право на приговор
во рок од 24 часа.
Приговорот се однесува само на технички пропуст - грешки направени при
пресметувањето на бодовите , и се упатува до управата на Факултетот.
Решението на управата по приговорот е конечно.
Одлуките по приговорите се објавуваат на факултетите.
По истекот на роковите за поднесување приговори и за нивно решавање,
конкурсната комисија на соодветниот факултет објавува решение за прием
на студенти ( конечна ранг - листа), врз основа на што се врши
запишување на студенти.
Решението на конкурсната комисија за прием на студенти (конечната ранг
листа), факултетот истовремено го доставува до Ректоратот на
Универзитетот.
9.
Реализацијата на Конкурсот
за запишување студенти во прва година во
учебната 2002/03 година ке се одвива во два уписни рока. Во првиот
уписен рок на факултетот ке се запишат 60%, а во вториот преостанатите
40% од
предвидената квота.
На факултетите на кои ќе бидат рангирани доволен број кандидати за
пополнување на целата квота во првиот уписен род, а кои постигнале
минимум 75 поени во сите основи, запишувањето ке се врши само во првиот
уписен рок. Доколку бројот на кандидатите од ранг-листата кои постигнале
минимум 75 поени по сите основи е помал од вкупната квота, во првиот
уписен рок ќе се запишат сите кандидати кои освоиле 75 поени, а во
вториот
уписен рок ке се објават преостанатите слободни места прдвидени со
Конкурсот.
Факултетите на кои и по завршувањето на вториот уписе рок ќе останат
непополнети места , вршат запишување и во трет уписен рок.
10.
Доколку во првиот уписен рок при рангирањето на крајот на листата на
примените кандидати има повеќе кандидати со еднаков број поени
(најмногу пет кандидати), факултетот ги запишува сите вакви кандидати,
со тоа што во вториот уписен рок ќе бидат објавени толку места помалку.
Ако, пак, бројот на ваквите кандидати е поголем од 5, тогаш ќе се изведе
дополнителен приемен испит само за овие кандидати.
Доколку во вториот уписен рок се повтори истата ситуација, дополнителен
приемен испит се изведува за сите такви кандидати(без оглед на нивниот
број), а се примаат онолку кандиати, колку што е утврдено со Конкурсот.
11.
Кандидатите кои во првиот уписен рок го положиле приемниот испит по
двата предмета, а во вториот уписен рок конкурираат на ист факултет, или
на факултет на кој стручниот испит се полага на ист начин и според иста
наставна програма, може да се рангираат без полагање приемен испит,
доколку достават потврда за бројот на поените и потпишат изјава дека ги
прифаќаат поените од првото полагање. Ако кандидатите повторно го
полагаат испитот, се земаат пооените од второто полагање.
12.
Доколку
редовните студенти запишани во државната квота, без оправдани
причини не ги исполнат условите утврдени со Законот за високото
образование, ги поднесуваат трошоците за утврдување во согласност со
истиот Закон.
|
Горе
↑ |