ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА

 

 

Царинската тарифа претставува иструмент за заштита на стоката и како таква треба  да овозможи адекватна царинска заштита, но и да овозможи спроведување на сите други мерки на заштита кои спаѓаат во групата на нецарински мерки.

Царинската тарифа е интегрален дел, кој го сочинуваат Царинската номенклатура во која е извршено нумеричко обележување на стоките претставени преку нивните наименувања, таканаречен текстуален дел и стапки на царина кои го одредуваат царинското оптоварувањв на секој поодделен тарифен број. .

По укажаната потреба да се извршат одредени корекции на постојниот Закон за царинската тарифа(„Службен весник“ на РМ,бр.36/96), а се во функција на создавање поповолни услови и амбиент за делување на стопанските субјекти, беше формирана работна група која интензивно работеше на проектот за измени и дополнувања на Законот за Царинската тарифа и хармонизацијата на истиот. Групата беше составена од претставници на Министерството за финансии, Царинската управа, Министерството за економија, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Заводот за статистика, а по потреба беа консултирани и останатите министерства.

 

ОСНОВНА ФУНКЦИЈА И ЦЕЛ НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА

 

Основната цел на измените на постојниот Закон за Царинската тарифа е хармонизацијата со Комбинираната номенклатура на Европската унија и намалување на царинските стапки при увоз.

Поаѓајќи од ова извршено е намалување на царинските стапки на суровините и репроматеријалите кои претставуваат основен инпут во домашното стопанство, олремата и резервните делови кои не се произведуваат во Република Македонија или се произведуваат во помали количини (компјутери и додатна компјутерска опрема, градежна и земјодолска механизација и сл.)

Со самото ова ќе се изврши една од основните функции на Царинската тарифа, односно покрај заштитната функција се остварува и развојната функција. Со увоз на поевтини суровини и репроматеријали како и опрема и резервни депови, се овозможува влез на нови напредни технологии, а со самото тоа ќе се постигне отворањето на нови работни места и производството на нови производи кои што ќе бидат конкурентни на странските пазари.          '

Меѓу другото, целта на овие намалувања е и намалувањето односно укинувањето на царинските контингенти, кои што влијаат нетранспарентно во домашното стопанство.

Овие измени се во духот на царинската политика на Европската уни|а, каде еден од основните принципи во некој од економските сектори е неопходното стимулирање на конкуренцијата со ниски царински стапки, како што е случајот во информативната технологија.

Со предложената измена на Законот за Царинска тарифа е извршена комплетна ревизија на сега важечката Царинска тарифа.

Кај оние производи кои се во интерес на домашното производство се отворени национални тарифни ознаки кои се усогласени со Комбинираната царинска тарифа на Европската унија.

При ова, беа укинати сите национални броеви од постојната тарифа донесена во 1996 година, со наименување "за употреба во индустријата", а кои претставуваат голема тешкотија при царинењето на ваков вид стока и постоеа можности за изигрување на Законот.

Покрај намалувањето иа царинските стапки на суровините се изврши намалување и на царинските стапки на определени репроматеријали кои претставуваат суровина во производството иа некои домашни стопански субјекти. Се изврши намалување на царинските стапки на суровини кои се произведуеаат во Република Македонија, но во помали количини.

Имајќи ги предвид сите направени измвни во смисла на намалување на царинските стапки во постојниот Закон за Царинска тарифа, за тарифните броеви од 1 до 97 се постигна просечна непондерирана царинска стапка од 14.59 која во однос на постојната од 15,13 е пониска за 0,54.

Овие измени (намалувања на царинските стапки) претворени во вредност, изнесуваат околу 1,2 милијарди денари или приближно 40 милиони германски марки помалку приходи од царини во буџетот на државата, со што оваа Влада уште еднаш ја потврди својата цврста решеност да му помогне на македонското стопанство откажувајќи се од овие на така мали приходи, а се со цел да се створат предуслови за поголема конкурентност на нашите производи на светските пазари како и да се створат можности за нови вработувања.

Деталното расчленување, овозможува примена на флексибилна заштита, па така се применети и различни царински стапки според степенот на изработка на производите, на пример, суровините се со ниска стапка на царина, полупроизводите со повисока, а готовите производи со највисока царинска стапка.

 

ПРИМЕНА НА КОНВЕНЦИЈАТА ХАРМОНИЗИРАНИОТ СИСТЕМ  НА ИМИЊАТА НА ШИФРЕНИТЕ ОЗНАКИ

 

Конвенцијата за Хармонизиран систем ја имаат потпишано повеќе од 100 земји во свотот и преку неа се извршува над 80% од светската трговија. Таа претставува појдовна основа при изработката на која било национална номенклатура, односно национална Царинска тарифа. Основните правила за применување на Хармонизираниот систем, како и забелешките кон одделите, главите и тарифните подброеви овозможуваат нејзина униформна примена. Со ваквата методологија за класифицирање се обезбедува меѓународна униформност во прибирањето, обработката и анализата на статистичките и трговските податоци. Хармонизираниот систем претставува универзален јазик кој го разбираат сите народи. Со него се вршат сите меѓународни трговски преговори како и спроведување на трговските спогодби и договори.

Хармонизираниот систем се менува на секои 4 год. Ова менување се должи да го прифатат и вградат во нивните национални царински тарифи и сите земји членки на Конвенцијата за Хармонизиран систем. Во царинската номенклатура се вградени и најновите измени на Хармонизираниот систем донесени од страна на Светската царинска организација (Совет за царинска соработка). Со овие измени се врши усогласување на хармонизираниот систем според најновите измени во светската технологија и промените во трговската практика, и се овозможува вклучување на нашата држава во најновите светски економски текови.

Покрај преземените меѓународни обврски од Хармонизираниот систем, со оваа Царинска тарифа се изврши изменување и усогласување на тој систем и со Комбинираната номенклатура на Европскатп унија, која исто така се засновува на Хармонизираниот систем на имињата шифрените ознаки на стоките. Ова усогласување е направено како резултат на се поголемата улога што ја доби Европската унија на светскиот пазар, како и од желбата на Република Македонија за што потесно поврзување со оваа економска интеграција. Со ова усогласување е овозможена поголема транспарентност на производите со што во иднина подоследно и без поголеми тешкотии би се извршувала меѓународната размена со оваа асоцијација и би се обезбедило полесно спроведување на сите трговски спогодби и договори. Ова практично значи дека производите и во двете земји ќе имаат иста тарифна ознака.

Со хармонизирањето на номенклатурата согласно со комбинираната номенклатура на Европската унија, е извршено потполно усогласување не само за 2000 година, туку и со последната верзија на комбинираната номенклатура за 2001 година. Во наредниот период годишно ќе се вршат измени (ажурирања) на номенклатурата во согласно со измените на комбинираната номенклатура.

Со новите измени и дополнувања на Законот за Царинската тарифа целосно се прифатени забелешките кон одделите и главите на царинската номенклатура, со што се олеснува толкувањето при распоредувањето на стоките, а со тоа се избегнуваат дополнителни инструкции и упатства, што беше пракса во претходниот период.

Ова всушност претставува појдовна основа за изработка и прифаќање на новиот  хармонизиран систем на Светската царинска организација што ќе следи во 2002 година.

Сите   овие   вградувања   ја   прават   номенклатурата модерно ориентирана, компатибилна со светските текови на меѓународната трговија и претставува солидна основа на измените и дополнувањата на Закоиот за Царинска тарифа.

Во предложената Царинска тарифа, номенклатурата се состои  од три колони:

Првата колона претставува тарифна ознака која содржи десет цифри. Првите шест цифри претставуваат шифри на Хармонизираниот систем, седмата и осмата цифра се шифри на комбинираната номенклатура на Европската унија, а деветтата и десетата цифра се национални шифри. кои претставуваат стока од домашно производство и кои се неопходни заради спроведување на долгорочна царинска заштита.

Втората колона го претставува наименувањето на стоките според степенот на расчленетост во однос на првата колона. Со ваква структура на шифрените ознаки во иднина можат да се следат сите измени на комбинираната царинска номенклатура на Европската унија. а исто така и отворање на нови позиции за потребите на заштита на домашното производство.

Третата копона ја лратставува царинската стапка изразена во процент адвалорем. За одредени земјоделски производи царинската стапка е комбинирана и во себе содржи % адвалорем и специфична давачка изразена во ЕУРО на единица мерка (кгр, литар и слично).

Посебните давачки на царина се инструмент кој го применуваат скоро сите развиени земји во светот. Меѓу нив водечка е Европската уни|а. Посебните давачки на царини, каде висината на стапката на царина се пресметува во фиксен износ во зависност од тежината на стоката, произлегоа од тоа што земјоделските производи  на светскиот пазар се наоѓаат во постојана флуктуација. Во такви услови, пресметувањето на царината во зависност од вредноста на стоката или ад валорем, стана многу сложено и ја создаде можноста да се прават одредени избегнувања и злоупотреби при царинењето на овие производи.

Со новата номенклатура се извршени следниве промени во однос на сега важечката царинска номенклатура. Тие се:

- преиспитана е оправданоста за постоење на наименувања на стоките кои се однесуваа на одредени видови производи и во најголема мера расчленувањето односно наименувањето на стоките е приспособено според номенклатурата на Европската унија, притоа водејќи сметка за потребите на домашната индустрија, како во поглед на извозот. така и во поглед на увозот на стоките;

- вградени се нови наименувања на стоките кои произлегуваат од потребата за заштита на земјоделското производство;

- прифатена е и вградена е Препораката на Светската царинска организација за воведување на стандардни единици на мерки за тарифните броеви со што во иднина многу полесно ќе се врши прибирањето, обработката, споредувањето и анализата на статистичките податоци;

- вградени се нови позиции, кои произлегуваат од препораките на Светската царинска организација и од разни меѓународни конвенции за материи кои ја оштетуваат озонската обвивка и психотровични материи кои служат за производство на синтетички  дроги. Со овие позиции се овозможува следење на светско ниво на движењето и прометот на овие производи.

 

ИЗВАДОК ВО ДЕЛОВИТЕ ОД ГЛАВИТЕ ВО ЦАРИНСКАТА ТАРИФА ВО ПОГЛЕД НА НАМАЛУВАЊЕТО НА ЦАРИНСКАТА СТАПКА

 

Со измените и дополнувањата на Законот за Царинската тарифа извршени измени во следниве поглавја:

Во глава 1, се намалени стапките за животни кои служат за репродукција(приплод).

Во глава 5. производи од животинско потекло, непогодни за човечка употреба, кои се користат за технички цели, исто така, знатно се намалени.

Во глава 6, се намалени царински стапки кои се однесуваат на садници на дрвја и растенија.

Во глава 7, има намалување на царински стапки на зеленчукот наменет за сеидба.

Во глава 10, намалени се житата наменети за сеидба како и жита кои не се одгпедуваат кај нас.

Во глава 11, се намалени производите од мелничката индустрија кои ги нема во доволни количини во земјата, а кои претставуваат важна суровина во прехранбената индустрија.

Во главите 12, 13 и 14, се намелени царинските стапки на семенскиот материјал на индустриските растенија.

Во глава 15, се намелени царинските стапки на масла кои не се произведуваат во нашата земја и масла кои служат за техничка и индустриска употреба.

Во главите 17. 18 И 19 има намалување на царински стапки на шеќерите и какао како репроматеријал за прехранбената и кондиторската индустрија.

Во глава 20, се намалени царинските стапки на производите од овошје и зеленчук што не се произведуваат во РМ. Исто така се воведени национални тарифни ознаки за пире од овошје со намалена сталка, кое се користи како суровина во прехранбената индустрија,

Во глава 23 има знатно намалување на царинските стапки на производите намекети за храна на животните.

Во глава 26,се намалени царинските стапки на суровини за индустријата.

Во главите 28 и 29, се намалени во најголем дел, сите хемиски неоргански и органски материи кои претставуваат репроматеријали за нашата индустрија.

Во глава 30, знатно се намалени царинските стапки за фармацевските производи кои не се произведуваат кај нас.

Во глава 31, се намалени царинските стапки на ѓубривото кое не се произведува ка| нас, а е неопходно за земјоделскиот сектор.

Во глава 32, се намалени царинските стапки на производи кои се користат како репроматеријал за текстилната, кожарската и печатарската индустрија.

Во главите 33 и 34, се намалени царинските стапки на парфимериски, козметички и тоалетни производи за широка потрошувачка, како и сапуни и површински активни материи и препарати за чистење.

Во глава 35, се намалени царинските стапки на албумините и нивните деривати.

Во глава 38, има знатно намалување на царинските стапки на инсектициди, родентициди, фунгициди, хербициди, дезифектанти и сл. производи, како и производи кои служат како репроматеријали или помошни технички средства во индустријата.

Во главите 39 и 40, се намалени царинскита стапки на примарните форми на пластични маси кои претставуваат репроматеријал во индустријата за пластични маси, како и на производи кои служат како амбалажен материјал во другите индустрии.

Во глава 41,се намалени царинските стапки на сурова кожа која се користи како репроматеријал во кожната индустрија.

Воглава48, се намалени царинските сталки на повеќе производи кои се користат како амбалажен материјал и репроматеријал за печатарската индустрија.

Во глава 49, се намалени царинските стапки на повеќе производи со цел да бидат подостапни за широката потрошувачка.

Во глава 50. се намалвни царинските стапки на сурова свила, предиво и ткаенини кои не се произведуваат во нашата земја.

Во глава 51, се намалени царинските стапки на суровини од животни кои ги нема на нашето подрачје.

Во глава 52, има мало намалување на царинските стапки од производи од памук кои служат како репроматеријал во текстилната индустрија.

Во глава 53, има намалување на царинските стапки од производи од други растителни влакна.

Во главите 54 и 55, има намалување на царинските стапки од производи само од вештачки и синтетички влакна.

Во глава 70, се намалени царинските стапки на производи од стакло, кои не се произведуваат во нашата земја.

Во глава 72, се намалени царинските стапки на производи од железо и челик, кои понатаму се употребуваат во металопреработувачката индустрија.

Во глава73, има намалување на царинските стапки на производи од железо и челик кои не се произведуваат во Република Македонија.

Во главата 74 и 75, се намалени царинските стапки на примарни форми на бакар и алуминиум кои, исто така, служат како репроматеријали во металопреработувачката индустрија.

Во гпавите 82 и 83, има знатно намалување на царинските стапки на алати и други производи од прости метали.

Во глава 84, има намалување на царинските стапки на опрема која не се произведува во Република Македонија, а која се користи по технолошките процеси, градежништвото и звмјоделието. Исто така знатно се намалени царинските стапки на компјутерите  (машини за автоматска обработка на податоци ) и друга придружна компјутерска опрема и делови.

Во глава 85, се намалени царинските стапки на електрични машини, опрема и нивни делови.

Во глава 86, има незначително намалување на царинските стапки иа шински возила и нивни делови.

Во глава 87, се намалени царинските стапки на моторните возила за стопански цели односно транспортните возила и нивните делови.

Во глава 90, се намалени царинските стапки на оптички. фотографски, кинематографски, геодетски и други апарати. потоа ортопетски справи, медицинска опрема и други прецизни инструменти. кои наоѓаат широка примена во повеќе области.

Во глава 92, се намалени царинските стапки на сите музички инструмекти.

Во глава 95 има знатно намапување на детските играчки, реквизити за друштвени игри и спорт.

Во глава 96, се намалени царинските стапки на разновидни производи за широка потрошувачка кои досега имаат релативно висока царинска стапка.

Воедно, со измените се направија и одредени измени и дополнувања во самиот текст на Законот за Царинска тарифа. Имено, измените во членот 1 се однесуваат во одос на примената, односно се појаснува дека во самата Царинска тарифа покрај стапката на царина е дефинирана и посебната давачка за земјоделски прехранбени производи која се пресметува во евра за единица мера. Со оваа измена престанува и досегашното уредување на оваа давачка која досега се уредуваше со посебен закон.

Со предложената измена во Царинската тарифа во голема мерка се исползувани сите инструменти со кои се обезбедува долгорочна, заштита на домашното производство, се создаваат услови за ефикасно и успешно водење на тековната економска политика, а истовремено се обезбедува и стабилност на развојната и фискалната функција на царината.

Покрај научните и теориските постапки за утврдување на висината на царинските стапки, како што се теоријата на ефективна заштита (одредување на висината на стапката на царина за суровините и репродукционите материјали во зависност од тоа со колкав процент учествуваат во структурата на финалниот производ и нејзино споредување со висината на царинската стапка на финалниот производ), се користени и статистичките податоци за количината и вредноста на увозот и на извозот во последниве две години.

Со потпишувањето на завршниот акт на Уругвајската рунда на мултилатералните трговски преговори во рамките на Светската трговска организација-ГАТТ, практично се удрија темелите кои ќе ги одредуваат насоките на светската трговија во 21 век, а кои се засновуваат на се поголема либерализација на светската трговија (намалување на висината на царинските стапки, укинување на сите мерки на вонцаринска заштита и нивно вградување во висината на царинската стапка). Ваквите услови наметнуваат создавање на ефикасен, флексибилен и модерен систем на заштита.

Царината, покрај заштитната улога мора да биде во функција ни развојот, односно на освојување на ново производство. За оваа функција на царината досега се водеше малку сметка.

Република Македонија и покрај тоа што не е членка Светската трговска организација-ГАТТ, во оваа многу важна меѓународна трговска институција, го ужива и понатаму третманот на најповластена нација во меѓународната трговија при увозот на стоки од Република Македонија се применува конвенционална преференцијална царинска стапка, со тоа што увозот на македонски стоки на светскиот пазар има конкурентска способност.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ