362.
Врз основа на член 12
од Законот за надворешно
тоговско работење ("Службен весник на Република
Македонија" број 31/93,41/93, 78/93,
59/96,15/97,13/98,
13/99, 50/99, 82/99 и 4/2001).
Владата на Република Ма-
кедонија, на седницата одржана на
27.02.2001 година,
донесе
ОДЛУКА
ЗА
РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОР-
МИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
Член 1
Стоките што се извезуваат, односно увезуваат се
распоредуваат на следниве форми:
- слободен извоз;
- извоз врз основа на дозвола;
- слободен увоз и
- увоз врз основа на дозвола.
Стоките
од став 1 на овој член се утврдени во спи-
сокот на стоките со форми на извоз и увоз, кој е соста-
вен дел на оваа одлука (Прилог бр. 1).
Член 2
Стоките чиј извоз, односно увоз е слободен се оз-
начени во списокот од став 2 на член 1 од оваа одлука
со кратенката "ЛБ", а стоките што се
извезуваат, од-
носно увезуваат врз основа на дозвола се означени со
кратенката "Д".
Стоките чиј извоз и увоз регионално се насочува-
ат, покрај ознаките од став 1 на овој член се означени
и со кратенката "С".
Член 3
Стоките од член 1 на оваа одлука, покрај ознаките
од член 2 на оваа одлука, се означуваат и со следните
броеви:
1-
се означени стоките за чиј извоз, односно увоз е
потребно да се прибави одобрение, односно дозвола
што ја издава Министерството за здравство, односно
Министерството за земјоделство, шумарство и водос-
топанство, ако се увезуваат за потребите на ветери-
нарната служба, за заштита на растенијата или како
семенски материјал, како и други земјоделски произ-
води.
Опојните дроги и психотропни материи за кои доз-
воли издава Министерството за здравство се наведени
во списокот на опојни дроги и психотропни материи
што се составен дел на списокот на стоки од став 2 на
член 1 (Прилог бр. 2).
2- се означени стоките за чиј увоз е потребно да се
прибави потврда од Министерството за економија -
служба за стандардизација и метрологија дека ги ис-
полнуваат метролошките и другите услови пропиша-
ни со закон.
3- се означени стоките што не се употребувани и за
чиј увоз е потребно да се прибави потврда од Минис-
терството за економија за извршен преглед и евиден-
тирање на пропратна техничка документација на уве-
зениот производ.
4- се означени стоките за чиј увоз е потребно да се
прибави дозвола од Министерството за животна сре-
дина и просторно планирање.
5- се означува забрана за увоз на патнички мотор-
ни возила постари од три години од дснот на произ-
водството, која
се однесува на правните лица, односно
забрана за увоз на патнички моторни возила постари
од шест години кои немаат вграден катализатор, а ко-
ја се однесува на физичките лица.
6- се означува забрана за увоз на товарни, полуто-
варни моторни возила или приклучни возила постари
од пет години од денот на производството.
7- се означени стоките за чиј извоз или увоз е пот-
ребно да се прибави согласност од Министерството за
економија; и
8- се означени стоките за чиј извоз или уВоз е пот-
ребно да се прибави согласност од Министерството за
економија.
Царинските органи при царинењето на стоките
што се наведени во списокот на опојни дроги, психот-
ропни материи и материи што ја оштетуваат озонска-
та обвивка, контролираат дали царинењето на тие
стоки се врши преку Царинарницата која е наведена
во дозволата.
Член 4
Барањето за добивање на решение, оцносно дозво-
ла од член 1 на оваа одлука поднесува корисникот на
стоките, односно производителот пред органите на
управата наведени во член 3 од оваа одлука со следни-
ве податоци:
1) фирма, матичен број и полн назив на корисни-
кот при увозот, односно производителот на стоките
при извозот;
2} тарифна ознака на десетцифрено ниво;
3) наименување на стоката според царинската но-
менклатура;
4) трговско име на стоката;
5)
количина на стоката за која се поднбсува бара-
ње, изразено во единечна мерка;
6) фирма и полно име на странскиот извозник од-
носно увозник;
7) рок во кој ќе се изврши увозот односно извозот;
8)
изјава за намена за употреба на увезената стока
и
9) друти податоци, пропишани со посебни прописи.
Член 5
При спроведувањето на оваа одлука се применува-
ат одредбите на Законот за царинската тарифа и про-
писите донесени врз основа на тој закон.
Член 6
Со оваа одлука за сите тарифни ознаки се пропиша-
ни задолжителни единечни мерки, во зависност од видот
на стоките што се извезуваат, односно увезуваат.
Член 7
Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука,
престанува да важи Одлуката за распоредување на
стоките на форми на извоз и увоз ("Службен весник
на Република Македонија" број 50/2000).
Член 8
Оваа
одлука влегува во сила со денот на објавува-
њето во "Службен весник на Рспублика
Македонија".
|
Бр. 23-1040/1 |
Претседател на Владата
на Република Максдонија.
Љубчо Георгиевски, с.р.