Надомест за царинска услуга
Од 01
јануари 2002 година се воведува плаќање
на надомест за извршена
царинска
услуга согласно со Правилникот за висината на
надоместокот
за царински услуги (Сл. Весник на
РМ бр. 102/2001).
Надоместокот за царинска услуга ќе се
плаќа по наименувание, за секоја-
увозна
царинска декларација (У4). Висината на надоместокот
изнесува
19 Евра по наименувание.
Пример:
Бројот на наименуванија во декларацијата е наведен во рубрика
5. Ако декларацијата има 3 наименуванија износот ќе биде
57 евра.
(три наименуванија x 19 евра = 57 евра)
Надоместокот за царинска услуга ќе се
плаќа само за увозните царински
декларации кои во рубрика 1 се означени
со У4. Овој надоместок ќе
се наплаќа при увозот
на стоки од сите земји
вклучувајќи го и увозот
од земјите со кои
се применуваат договорите за слободна
трговија.
Надоместокот за царинска услуга не се
плаќа при увозот на стоки
кои
се ослободени од плаќање
на царина според одредбите на членовите 180
и 181 од Царинскиот закон
( кога се увезува стока ослободена
од царина-
од страна на дипломати
и од страна на физички лица
). Надоместокот
за царинска услуга истотака нема да
се наплаќа при увоз на
стоки за
кои според склучените меѓународни договори не се плаќа
царина согласно-
со член 8 од Царинскиот
закон.
Пример:
Кога во ЕЦД за увоз (У4) втората
подрубрика на рубрика 37
(постапка), шифра за постапка на
национално ниво е
'801','802','803',
'804','805','806','807','808','813','814','815','818','819','810',
'081','082'
и '083' во тие случаи не се
плаќа надоместок за царинска
услуга.
Пресметката на надоместокот за царинска услуга
ќе се врши
на следниот
начин:
Пресметувањето на надоместокот за царинска услуга
се врши во
рубрика
47 од ЕЦД за увоз
(У4). Во првата подрубрика во првата
колона 'Вид'
се запишува шифрата 'ЦТ' според Кодексот на шифри за
видови на давачки-
. Втората и третата колона не се
пополнуваат. Во четвртата колона
'износ' се запишува
износот на надоместокот за царинска услуга од
19 евра изразен во
денарска против вредност. Во петтата
колона 'Начин
на плаќање' се запишува
шифрата од Кодексот на шифри
за начинот на
плаќање
на давачките.
_______________________________________________
47 Пресм.на | Вид| Основа | Стапки | Износ | НП
|
давачки |_СТ_|______|_______|____1147__| _1__|
| | | | | |
|____|______|_______|__________|_____|
|____|______|_______|__________|_____|
Надоместокот за царинска услуга не се
вклучува во даночната и акцизна
основа.
Досегашната давачка за царинска евиденција од 1% нема да
се наплаќа
од
01.01.2002 година согласно член 170 од Законот
за изменување и
дополнување на Царинскиот закон.
При примената на Договорите
за слободна трговија давачката за царинска-
евиденција од 1% и понатаму ќе се наплаќа
при увозот на стоки од
Репуб-
лика Словенија, Република Хрватска и Сојузна Република Југославија
со оглед на тоа
што плаќањето на оваа давачка
е предвидено во самите
договори.
Директор
Драган
Далаверски