РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРГОВИЈА
Бр. _______ Скопје, _____1999 год.
До
ПРЕДМЕТ: Примена на Одлуката за распоредување на стоките на форми на извоз и увоз во врска со: Договорите-Спогодбите за слободна трговија, компензациони работи, царински контингент
Заради правилна и еднообразна примена на Одлуката за распоредување на стоките на форми на извоз и увоз ("Службен весник на РМ" бр. 39/96, 64/96, 66/96, 67/96, 71/96, 45/97, 66/97, 20/98, 17/99 и 20/99), а имајќи ги во предвид: Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Словенија ("Службен весник на РМ" бр. 48/96), Спогодбата за трговија меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната Влада на Сојузна Република Југославија ("Службен весник на РМ" бр. 59/96), Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Хрватска ("Службен весник на РМ" бр. 28/97), Спогодбата за стопанска соработка меѓу Република Македонија и Република Босна и Херцеговина ("Службен весник на РМ" бр. 37/92), Ви го доставуваме следново објаснување.
Увоз и извоз на производи со потекло, според
Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Словенија и Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонијa и Република Хрватска
1. Формите
nа увоз и извоз ЛБ1, ЛБ2, ЛБЗ, ЛБ4, ЛБ5, ЛБ6, Д, Д1 и Д4 при увозното, односно извозното царинење се применуваат, бидејќи истите не преставуваат колигчински ограничувања или мерки сo ист ефект.2. Формите на увоз и извоз ЛБ7 и ЛБ8 се применуваат за земјоделски и прехранбени производи (Глава 1 до Глава 24 од Хармонизираниот Систем).
(а) Кога царинскиот обврзник-корисникот на стоката има обезбедено решение за доделување на одредена количина на стока во рамките на поедина квота од Министерството за трговија, истиот нема обврска да прибави согласност од Министерството за стопанство (ЛБ7), односно Мшшстерството за трговија (ЛБ8), бидејќи издаденото решение за одобрена квота во исто време претставува согласност за увоз односно извоз.
(б) Кога царинскиот обврзник-корисникот на стоката нема обезбедено решение за доделување на одредена -количина на стока во рамките на поедина квота од Министерството за трговија, а стоките се на форма на извоз или увоз ЛБ7 или ЛБ8, истиот има обврска да прибави согласност од М
(в) Кога се увезуваат земјо
dелски и прехранбени производи (Глава 1 до Глава 24 од Хармонизираниот Систем), а стоките се на форма на извоз или увоз ЛБ7 или ЛБ8 и за истите не е предвидена царинска квота, царинскиот обврзник-корисникот на стоката има обврска да прибави согласност од Министерството за стопанство (ЛБ7), односно Министерството за трговија (ЛБ8).3. Формите на увоз и извоз ЛБ7 и ЛБ8 не се применуваат за индустриски производи со
потекло (Глава 25 до Глава 97 од
Увоз и извоз на производи со потекло, според Спогодбата за трговија меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната Влада на Сојузна Република Југославија
1. Формите на увоз и извоз ЛБ1, ЛБ2, ЛБЗ, ЛБ4, ЛБ5, ЛБ6, Д, Д1 и Д4 при увозното односно извозното царинење се применуваат, бидејќи истите не преставуваат количински ограничувања или мерки со ист ефект.
2. Формите на увоз и извоз ЛБ7 и ЛБ8 се применуваат за оние производи за кои се определени квантитативни ограничувања во извозот и увозот согласно со член 6 (Прилог 1 и Прилог 2 од Одлуката за определување на квантитативните ограничувања во извозот и увозот на стоки за 1999 год. ('Сл. весник на РМ"бр. 8/99)) од Спогодбата и се распоредуваат на форма на извоз и увоз ЛБ7 или ЛБ8.
(а) Кога царинскиот обврзник-корисникот на стоката има обезбедено решение за доделување на одредена количина на стока во рамките на поедина квота од Министерството за трговија, истиот нема обврска да прибави согласност од Министерството за стопанство (ЛБ7), односно Министерството за трговија (ЛБ8), бидејќи издаденото решение за одобрена квота во исто време претставува согласност за увоз односно извоз.
(б) Кога царинскиот обврзник-корисникот на стоката нема обезбедено решение за доделување на одредена количина на стока во рамките на поедина квота од Министерството за трговија, истиот има обврска да прибави согласност од Министерството за стопанство (ЛБ7), односно Министерството за трговија (ЛБ8).
3. Формите на увоз и извоз ЛБ7 и ЛБ8 не се применуваат за сите производи со потекло,
освен за стоките за кои се определени квантитативни ограничувања во извозот и увозот согласно со член 6 од Спогодбата.
Увоз и извоз на производи со потекло, според Спогодбата за стопанска соработка меѓу Република Македонија и Република Босна и Херцеговина
Формите на увоз и извоз ЛБ1, ЛБ2, ЛБЗ, ЛБ4, ЛБ5, ЛБ6, ЛБ7, ЛБ8, Д, Д1 и Д4 при увозното односно извозното царинење се применуваат,
заради еднострано непочитување на определбите од Спогодбата од страна на Босна и Херцеговина.Компензациони работи
2. Доколку во одобрението за склучен договор
zа компензациона работа со странство е наведена клаузулата "истото преставува и право на извоз односно увоз", царинскиот обврзник:(а) нема обврска да прибави согласност од Министерството за стопанство (ЛБ7), односно Министерството за трговија (ЛБ8), бидејќи издаденото одобрение истовремено претставува согласност за увоз односно извоз.
(б) има обврска да ги прибави соодветните потврди, дозволи, одобренија, согласност од надлежниот орган во случај стоките да се распоредуваат во тар. ознака за која е предвидена форма на извоз или увоз ЛБ1, ЛБ2, ЛБЗ, ЛБ4, Д, Д1 и Д4.
3. При увозното односно извозното царинење врз основа на одобрение за склучување договори за компензациони работи со странство со примена на Договорите-Спогодбите за слободна трговија, издаденото одобрение за компензација не може во исто време да преставува решение за одобрена квота, односно за да се примени преференцигјален третман (не плаќање на царина и посебни царински давачки) царинскиот обврник-корисникот на стоката покрај одобрението за компензациони работи мора да прибави решение за одобрена квота.
Царински контингент
(Член 52 од Законот за царините)
Формите на увоз ЛБ1, ЛБ2, ЛБЗ, ЛБ4, ЛБ5, ЛБ6, ЛБ7, ЛБ8, Д, Д1 и Д4 се применуваат при увозното царинење врз основа на решение за одобрен царински контингент согласно член 52 од Законот за царините, бидејќи со решението за царински контингент се определуваат стоките кои можат да се увезат без плаќање на царина или со плаќање пониска стапка на царина, а не се рeгулира правото на увоз.