МИНИСТЕРСТВО
ЗА ФИНАНСИИ
ЦАРИНСКА
УПРАВА
ПРЕДМЕТ:
ДОПОЛНИТЕЛНА
ИЗМЕНА
НА ПОДАТОЦИ
ВО
ЦАРИНСКАТА
ДЕКЛАРАЦИЈА
Со
почетокот на
примена на
новиот
Царински
закон,
повеќе
Царинарици
се обратија
до
Царинската
управа -
Одделение за
царинско
управни
работи,
поставувајќи
го прашањето
за правниот
основ за
изменување
на податоци
во
царинската
декларација
по пуштање на
стоката,
особено за изменување
на
податоците
од кои не
зависи дополнитена
пресметка
или враќање иа
царинскиот
долг.
Заради
правилно
толкување и
примена на законските
одредби со
кои се
регулттра
измената на
податоци во
царинската
декларација,
Царинската
управа
го дава
следното
објаснување:
Со
одредбите на
Царинскиот
закон(Службен
весник на РМ
бр. 21/98, 26/98, 63/98,
86/99 и 25/00), е
регулирана
измената на
податоци во царинската
декларација
од аспект на
дополнителна
пресметка на
царинскиот долг
или
враќање на
повеќе
уплатената
царина и
простување
на
царинскиот
долг,
односно
Царинскиот
закон не
содржи
одредби со кои
децидно се
регулира
измената на
податоци во
царииската
декларација
од кои не
зависи
дополнитена
пресметка
или враќање
на
царинскиот
долг, по
пуштање на
стоката во
слободен промет,
освен во
случаи на
царински
постапки со
економски
ефект.
Одредби
од Царинскиот
закон со кои
се пропишани
мерки за
регулирање на
новоутврдени
состојби кои
ги
превзимаат
царинските
органи се:
пред
пуштање на
стоката од
под царински
надзор
- член 63 и 64
од
Царинскиот
закон, според
кои царинскиот
орган врз основа
на барање на
царинскиот
декларант
може да
дозволи дополнување
и
измени на
декларацијата
, како и
повлекување
на
царинската
декларација,
согласно
наведените
одредби;
по пуштање
на стоката од
поц царински
надзор
- член 74 од
Царинскиот
закон, според
кој царинскиот
орган може, и
по
пуштање на стоката, а
заради проверка на точноета на
податоците
во декларацијата, во
рок од 5
години по
настанувањето,
на царинскиот
долг,
дополнително
да ги прегледа
економските,
техничките и
други, документи
кај
декларантот
или кај друго
лице кое
располага со
потребните
податоци, а по
можност да ја
прегледа и
стоката, за
да се утврди
дали
царинскиот
долг бил
исправно
утврден, дали
биле исправно
применети
трговските и
другите мерки,
како и дали
се
почитуваат
обврските
кои произлегуваат
од
одобрената
царинска
постапка. Оваа
проверка
може да се
изврши и на
барање на
Царинските
управи на
други земји
во рамките на
меѓународната
соработка.
Ако царинскиот
орган на
основа на
резултатите
на дополнителната
контрола
констатира
дека царинскиот
долг е
погрешно
пресметан,ќе
ги превземе
сите мерки за
накнадна
наплата ,
враќање или
простување
на долгот. Во
случај на
кршење на
одредбите на
трговските
или другите мерки,
царинскиот
орган за
својот наод
ќе ги информира
надлежните
државни
органи;
- член 80
од
Царинскиот
закон, според
кој царинскиот
орган може да
одобри,
правата и
обврските на
имателот на
правото се
пренесат на друго
лице кое ги
исполнува
условите
пропишани за
одредениот
вид на
царинска
постапка;
- член 175
од
Царинскиот
закон, според
кој
царинскиот
орган , за
одредени
случаеви врши
дополнителна
престетка и
наплата на царинскиот
долг, во рок
од една
година по настанување
на
царинскиот
долг;
- член 179
од
Царинскиот
закон, според
кој царинскттот
орган, за
одредени
случаеви
врши враќање
на повеќе
уплатената
царина ит
простување на
царинскиот
долг, во рок
од една
година од денот
на
доставување
на
пресметката
до царинскиот
обврзник;
- член 72
од
Царинскиот
закон и
соодведните
одредби од
Уредбата за
определување
на случаите и
начинот на
одобрување
на примената
на
поедноставена
постапка во
врска со
царинските
декларации,
според кои се
одобрува
дополнување
или замена со
потполна
декларација;
- член 101, 115 и
122 од
Царинскиот
закон и член 8, 9,
53 и 54 од Уредбата
за
утврдување
на
поблиските
критериyми и
начинот на
спроведување
на постапката
со економски
ефект, според
кои царинскиот
орган може да
одобри
измени на
рокот на
стоките што
привремено
се увезуваат
односно
извезуваат,
на
податоците
за добдените
производи, на
податоците
за производните
операции
како и за
извршителите
на производните
операции.
Од
изнесеното,
произлегува
дека измена
на податоци
во царинска
декларација
од кои не
зависи
дополнителна
пресметка
или враќање
на
царинскиот
долг, НE Е ДOIIУШTEHO
според Царинскиот
закон, со
исклучок на
наведени
конкретни
измени за
царински постапки
со економски
ефект и во
случај на примената
на
поедноставената
постапка.
Од друга
страна
потребно е да
се имаат предвид
одредбите на
член 15 став 1 и 2
од Царинскиот
закон, според
кој, ако со
овој закон поинаку
не е
определено,
царинскиот
орган што ја
води
царинската
постапка го
применува
Законот за
општата
управна
постапка , и
доколку
царинскиот
орган во
царинската
постапка
целосно го
прифати
барањето,
може да го
одобри во вид
на забелешка
на самото барање
.
Според
изнесеното,
токму во
конкретниот
случај
наоѓаат
примена
одредбите на
член 219 од
Законот за
општата
управна
постапка (ЗАУП),
и тоа:
- член 219 од
ЗАУП со кој
може да се
врши исправка
исклучиво на
техничка
грешка
односно да се
исправат
грешки во имињата
или броевите,
грешки во
куцањето (пишувањето),
како и други
неточности
во
декларацијата.
На пример:
Грешка во
називот на
увозникот –
некомплетен
назив или
испуштени
букви или
пермутација
на букви,
пермутација
на број на
заклучок или
на некој друг
податок во
бројчан
износ,
називот на
увозникот не
коренсподира
со даночен
број и др.
При
ваква правна
состојба на
работите, се
изведува
следниот
ЗАКЛУЧОК:
Измена на податоци во царинската декларација од кои не зависи дополнитена пресметка или враќање на царинскиот долг, освен за конкретно наведените измени за постапките со економски ефект, може да се изврши само во постапка пропишана со одредбите на член 219 од Законот за општата управна постапка.
Во
царинската
управна
постапка се
применуваат
и други одредби
на Законот за
општа
управна
постапка.