Република Македонија

МИНИСТЕРСТВО 3А ФИНАМСИИ

         ЦАРИНСКА УПРАВА  

 

 

 

 

Предмет: ИЗМЕНА ПРИ ПOIIOЛНУВAЊETO НА ОДРЕДЕНИ РУБРИКИ ВО ЕДИНСТВЕНИОТ ЦАРИНСКИ ДОКУМЕНТ

 

 

3аради надминување на одредени проблеми настанати во царинското работење кои се од итен карактер, а се до измена на Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на царинската декларација и другите исправи во царинската постапка ("Службен весник на РМ" број 17/00) пополнувањето на одредени рубрики ќе се врши на следниот начин:

 

 

I. Пополнување петтата.подрубрика на рубрика 33 (тарифна ознака) на сетот за увоз (глава 6 член 21)

 

Пополнувањето на петтата подрубрика на рубрика 33 се дополнува со запишување на бројот "5000". Бројот "5000" ќе се запишува ако се пуштаат во слободен промет акцизни производи и тоа преработки од тутун од тар. бр. 2 од 3аконот за акцизите (цигари, режан тутун за лично виткање од сите видови и квалитети, цигарилоси, црни цигари, тутун за лулиња, тутун за тдвакање и бурмут) и алкохолни пијалоци од точка 1 на тар. број 3 од Законот за акцизите означени со контролни маркици (бандероли) за кои акцизата е платена со купувањето на контролните маркици

 

 

II. Пополнување на рубрика 39 (контингент) на сетот за увоз

(глава 6 член 21)

 

Во оваа рубрика се запишува редниот број под кој во Царинската управа е евидентирано решението со кое Владата на Република Македонија има донесено царински контингент согласно со член 24а од Царинскиот закон за намалување на царинската стапка или царинска стапка "слободно".

Ако се пуштаат во слободен промет алкохолни пијалоци со плаќање на акциза, во оваа рубрика се запишува % vo1 алкохол по литар (формат хх,хх - две цели и две децимални места).

Ако се пуштаат во слободен промет алкохолни пијалоци означени со контролни маркици (бандероли) за кои акцизата е платена со купувањето на контролните маркици (бандероли), во оваа рубрика се запишува % vo1 алкохол по литар кој_ што е отпечатен на контролната маркица (формат хх,хх - две цели и две децимални места)."

 

 

 

 

 

III. Пополнување на втората подрубрика на рубрика 37 (постапка) на сетот ­за увоз (глава 6 член 21)

 

Во Кодексот на шифрите за пополнување на исправите во царинската постапка (XI. Постапки на национално ниво) кој е составен дел на Правилникот за ­формата, содржината и начинот на пополнување на царинската декларација и другите исправи во царинската постапка не е предвидено шифра за национална постапка кога стоката е ослободена од плаќање на царина согласно со член 182 алинеја 7 од Царинскиот закон и кога се користи царински контингент со 50% намалување на царинската стапка односно , царински контингент со 5 % царинска стапка.

Во втората подрубрика на рубрика 37 ќе се запишуваат следниве шифри:

- "827" ако се пушта во слободен промет стока ослободена од плаќање на царина согласно со член 182 алинеја 7 од Царинскиот закон

 - "002" ако се користи царински контингент (член 24а од Царинскиот закон)

со 100 % намалување на царинската стапка,

- "003" ако се користи царински контингент (член 24а од Царинскиот закон) со  50 % намалување на царинската стапка и

- "004" ако се користи царински контингент (член 24а од Царинскиот закон) со    5 % царинската стапка

За навремено информирање на царинските работници и спроведување на инструкцијата одговорни се управниците на царинарниците.