Реублика Македаниja.

МИНИСТЕРСГВО ЗА ФИНАНСИИ

        ЦАРИНСКА УПРАВА

 

 

ПРЕДМЕТ: ОСЈIОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНА НА МОСТРИ НА       СТОКИ СО НЕЗНАЧИТЕЛНА ВРЕДНОСТ И НА ПЕЧАТЕН РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ

 

Во службен лист бр. 68/00 објавена е Уредба за изменување и дополнување на  Уредбата за остварување на правото за ослободување од плакање на царина , со која  се извршени и одредени измени во одредбите кои го регулпраат ослободувањето од  плаќање на царина при увозот на печатен и рекламен материјал''.

Со оглед на пројавените дилеми околу примената на член 183, алинеја 2 и 3 од  Царинскиот закон, односно на члеи 38, 39, 40, 41 и 42 од Уредбата за остварување на  правото за ослободување од плаќање на царина (Сл. весник на РМ бр.26/00 и 68/00),  а поради нивна правилна примена, Царинската управа го дава следното објаснување:

 

I. МОСТРИ НA СТОКИ

(член 183 алинеја 2 од Царинскиот закон и член 38 и 39 од Уредбата за остварување  на правото за ослободување од плаќање на царина )

 

 

Во член 183 алинеја 2 од Царинскиот закон предвидено е ослободување од  плаќање на царина на мостри на стоки со незначителна вредност, а во член 38 п 39  од Уредбата за остварување на правото за ослободување од плаќање на царина се  утврдени условите под кои може да се остварн тоа ослободување од плакање на  царина.

Согласно со Уредбата за остварување на правото за ослободување од  плаќање на царина, како и Меѓународната конвенција за олеснување на увозот на  трговски мостри и рекламен материјал, мостри од сите видови иа стоки се сметаат  оние мостри на стоки чија што поединечна вредност е незначителна и кои се  употребуваат само заради барање на нарачки за купување на оние видови на стоки  кои овие мостри ги преставуваат а со цел на нивен увоз. При увозот на предметните  мостри, царинскиот орган, покрај вредноста на стоката треба да води сметка за  количината на стоките кои ќе бидат ослободени од царина по овој основ, односно  по овој основ ослободувањето од царина треба да се однесува , во принцип, за еден  комад (по вид или тип) а за одредени видови на стоки (стоки кои според својата  природа стануваат неупотребливи после неколку кратната манипулација) можно е  количината да биде и нешто поголема.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Како поединечна незначителна вредност на мострите се смета царинска вредност до 50 Евра. Царинската вредност на мострите се утврдува согласно со член 38 став 1 од Царинскиот закон (царинска вредност на бесплатна стока), со оглед дека мострите на стоки се даваат бесплатно, а нивната вредност во фактурата е дадена само за царински формалности. Во член 38 став 1 од Царинскиот закон е предвидено царинската вредност на стоката што е увезена без плаќање на противвредност да се утврдува врз основа на членовите од 29 до 31 од Царинскиот закон (член 29 – Примена на правилата за идентична и за слична стока, член 30 – Други правила за утврдување на царинската вредност, член 30 – Ограничување при утврдување на царинската вредност), односно во никој случај несмее да се прифати вредноста на мострите која е прикажана во фактурата бидејќи вредноста на увозните мостри не е договорена цена (трансакциска вредност), односно не е вистинска платена цена или цена која ќе се плати за стока купена за увоз во Република Македонија (член 28 од Царинскиот закон). Царинскиот орган може да побара како услов за ослободување од плаќање на царина мострите да ги направи неупотребливи како трговска стока со печатење, сечење, продупчување или со некоја друга постапка, но при тоа да не се уништи нивната употрбливост како мостри.

При ослободување од царина на мостри по овој основ, истите се ослободени и од плаќање на данок на додадена вредност (ДДВ), согласно Меѓународната конвенција за олеснување на увозот  на трговски мостри и рекламен материјал.

                       

 

II. ПЕЧАТЕН РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ

(члеи 183 алинеја 3 од Цариискиот закои и член 40 и 41 од Уредбата за остварување на правото за ослободување од плаќање на царина )

 

 

Во член 183 алинеја 3 од Царинскиот закон предвидено е ослободување од плаќање на царина на печатен рекламен материјал.

Со член 40 од Уредбата за остварување на правото за ослободување од плаќање на царина и член 4 од Меѓународната конвенција за олеснување на увозот на трговски мостри и реклалкен материјал, е дефиниран рекламниот материјал кој може да се ослободи од плаќање на царина.

 

Под рекламен материјал, односно печатен рекламен материјал се сметаат, каталози , ценовници, упатства за употреба и брошури кои се однесуваат на:

а)         стока понудена заради продажба или изнајмување, или

б)         на транспорт или услуги во врска со трговско осигурување понудено од стрниски лица , со тоа да секоја увезена пратка :

        1) не содржи повеќе од еден вид на печатен рекламен материјал (да содржи само еден вид печатен рекламен материјал), или

        2) ако содржи повеќе видови на печатен рекламен материјал, да нема повеќе од еден примерок од секој поедаиечен вид, или

        3) независно од бројот на видовите или примероците на рекламниот печатен материјал, да ненадминува 1 кг. бруто тежина.

Истовремено праќање на поголем број на пакети на повеќе адреси, ја вклучува можноста за ослободување од плакање на царина, под услов да на секој поединечен примател не е насловено повеќе од од една пратка.

 

 

Од царина нема да бидат ослободени:

 

а)    каталози, ценовници и трговски обавестувања кои јасно не го означуваат името на странската фирма заинтересирана за производство, продажба или нзнајмување на стока, или за понуда на  транспортни услуги или услуги на трговско осигурување на кои таквите каталози, ценовници и трговски обавестувања се одиесуваат, или

б)    каталози, ценовници и трговски обавестувања кои се пристигнати на едно лице во еден групиран пакет поради подоцнежна распределба на повеќе адреси.

Претходно наведените печатени рекламни материјали кои се ослободуваат од плаќање на царина истовремено, ќe бидат ослобрдени и од плаќање на данок на додадена вредност согласно Меѓународната конвенција за олеснување на увозот на трговски мостри и рекламен.материјал.

Со Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за остварување на правото за ослободување од плаќање иа царина (Сл, весник на РМ бр.68/00), покрај извршени одредени измени во поедини одредби, е извршено и бришење на члеи 42 од Уредбата за остварување на правото за ослободување од плаќање на царина, поради што , почнувајќи од 22. 08. 2000год. повеќе нема да бидат ослободени од царина, рекламни материјали кои не се печатен рекламен материјал, како на пример упаљачи, нотеси, торби, капи, зидни часовници, радија и многу други предмети.