2644.
Врз основа на член 24-а став 1 од Царинскиот закон ("Службен весник на Република Македонија" бр. 21/98, 26/98, 63/99 и 25/2000), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 29. 08. 2000 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ЦАРИНСКИ КОНТИНГЕНТИ ПРИ УВОЗ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ
1. Со оваа одлука се определува износот на царинските контингенти на одделни нафтени деривати кои можат да се увезат без плаќање на царина пропишана во Царинската тарифа и тоа:
- моторен бензин, безоловен, тарифен број 2710 00 00 11, во количина од 15.000 тони;
- мешавина на бутан и пропан, тарифна ознака 2711 13 00 10, во количина од 20.000 тони.
2. Нафтените деривати од точка 1, алинеја 1 и 2 ќе бидат внесени во царпнското подрачје на Република Макецонија заклучно со 31. 12. 2000 година.
3. Министерот за економија со решение го одобрува царинскиот контингент по барање на крајниот корисник.
4. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
Бр. 23-4104/1
29 август 2000 година
Скопје
Претседател на Владата
на Република Македонија
Јbубчо Георгиевски, с.р.