2645.

Согласно член 12 од Договорот за слободна трго­вија меѓу Република Македонија и Република Слове­нија ("Службен весник на Република Македонија" бр. 48/96) и член 36 став 3 од Законот за Владата на Репу­блика Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр. 59l2000), Владата на Република Ма­кедонија, на седницата одржана на 29. 08. 2000 година, донесе

 

ОДЛУКА

ЗА И3MEHYBAЊE НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВА­ЊЕ НА ЦАРИНСКИ КВОТИ ЗА II-ТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2000 ГОДИНА СОГЛАСНО ДОГОВОРОТ ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И

РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА

 

Член 1

Во Одлуката за определување на царински квоти за II-тo полугоцие од 2000 година согласно Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Словенија ("Службен весник на Република Македонија" бр. 60/2000), во членот 3 ставовите 1 и 2 се менуваат и гласат:

"Количествата на стоки во рамките на пооделна квота од Прилогот l ги распределува Министерството за економија на предлог на Комисијата составена од по еден претставник на: Министерството за економи­ја, Министерството за земјоделство, шумарство и во­достопанство, Министерството за надворешни работи и Министерството за финансии.

Комисијата ја свикува и раководи со неа претседа­телот на Комисијата, кој од редовите на државните службеници на Министерството за економија, го овла­стува министерот за економија."

 

Член 2

Во членот 4, став 2, 4 и 5 и членот 5, став 1 и 2 збо­ровите: "Министерството за трговија" се заменуваат со зборовите: " Министерството за економија".

 

Член 3

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од де­нот на објавувањето во "Службен весник на Републи­ка Македонија".

 

 


Бр. 23-4101/1

29 август 2000 година,

Скопје